emilijacorner1

Емилија Петровска: Задоволна сум од својот настап и наградата на „Охрид фест“

Охрид, 13. септември 2017 (ОХРИДПРЕС) – По супер успешниот настап на годинешното издание на „Охрид фест“ и освоената награда за најдобар дебитант на Поп вечерта, суперталентираната Емилија Петровска беше вчерашен гостин во смисијата „Радио Корнер“ со Александра Алексијевска на Супер радио.

– Задоволна сум од својот настап и многу сум среќна што бев забележана од жири комисијата на Поп вечерта на реномираниот „Охрид фест“ – Охридски трубадури. Благодарност до оние кои работеа на мојот деби сингл – песната насловена „Одговор“. Музиката е на Даниел Јовески, текстот го напиша Јовица Каралиевски, а на аранжманот работеа Дамјан Пејчиноски и Даниел Јовески, изјави младата Емилија.

emilijacorner2Таа им препорача на сите кои имаат амбиции слични на нејзините, кои ја сакаат музиката и пеењето, да ги користат ваквите можности кои ќе им ги отворат широко вратите кон релизирање на сопствените амбиции.

– За мене првото Талент шоу OhridSUPERSTAR беше таква отскочна даска. Се надевам дека шоуто ќе продолжи и дека ќе биде двигател и расадник на талентите од регионот Охрид и Струга, додаде таа.

emilijaohridfestМладата Емилија беше финалист на првото издание на Талент шоуто OhridSUPERSTAR. Таа заедно со Андреа Јованоска која се претстави со песната „Љубена“ добија награди од жири комисијата на Талент шоуто, но и можност за настап на фестивалот на „Охрид фест 2017“.

emilijaohridfest2Повеќе за Емилија од интервјуто кое неодамна го имаше за порталот OhridPress.

Ова е само продолжение на активностите кои следуваа по првото издание на Талент шоуто OhridSUPERSTAR. На фестивалот „Езерски бисери“ неодамна настапија Ирма Гогова, Ивана Коскоска и Светлана Вељаноска, кои имаа забележителен настап, а во тек е и радио проектот на Илија Богданоски, кој на шоуто ја доби токму таа награда. Во неделата на регионалната О2 телевизија се емитуваше првата епизода од Тв проектот, кој е во продукција на Супер радио и „Тамаро“, а е исполнување на наградата за Тв проект на младата актерка Ангела Маркоска. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес

Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on Pinterest