kukarobevciohrid

Изложба на Христина Зафировска во Куќата на Робевци

Охрид, 13. септември 2017 (ИНПРЕС) – 15 дела работени на хартија во комбинирана техника, ќе бидат дел од изложбата „Никулец“ на Христина Зафировска, која во петок во 20:00 часот ќе биде отворена во Куќата на Робевци во Охрид.

Зафировска е родена во Скопје. Завршува средно уметничко училиште на одсек применето сликарство. Дипломира на Факултетот за ликовна уметности при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” во Скопје, на смер сликарство со графички дизајн. Моментално е магистрант на Факултетот за Дизајн и Мултимедија во Скопје – насока графички дизајн.

Во 2009 година станува член на Друштвото на ликовни уметници на Република Македонија. Таа е една од основачите на уметничката група и уметничкиот простор „Арт И.Н.С.Т.И.Т.У.Т.“ во Скопје, основано 2009 година и е една од основачите и член на уметничката група „МОМИ“ која почнува од 2012 година со активна реализација на проекти низ земјава и Балканот.

Христина Зафировска работи во полето на сликарството, графичкиот дизајн, инсталацијата, цртежот, фотографијата и видеото. Активно учествува на локални и регионални проекти и погранични соработки од областа на културата. Дел е од многубројни фестивали, работилници, симпозиуми, групни претставувања на Балканот, во Европа и пошироко. (Крај)

извор: ИнПрес фото: ОхридПрес

Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on Pinterest