analfabet-640x358

Со „Аналфабет“ Охридскиот театар ќе гостува на Интернационалниот театарски фестивал „Јоаким Осоговски“

Охрид, 13. септември 2017 (ИНПРЕС) – Со претставата „Аналфабет“ Охридскиот театар ќе гостува на Интернационалниот театарски фестивал „Јоаким Осоговски“ во Крива Паланка.

Во претставата играат: Горан Стојаноски, Стрезо Стаматовски, Никола Тодороски и Елизабета Стефановска. Режијата е на Ѓорѓи Ризески, сценограф е Зоран Николовски, а костимите се на Ванчо Василев.

Инаку, претставата „Аналфабет“ работена по текст на Бранислав Нушиќ и ги отвора сите актуелни теми, односно „ликови на власта“, на луѓето на кои кога ќе му дадеш функција ќе ја видиш нивната изопаченост.

Со оваа претстава нашиот театар учествуваше и на Македонскиот театарски фестивал „Војдан Чернодрински“ во Прилеп, а неодамна го доби признанието Гран при за најдобра претстава  на четврото издание на Интернационалниот фестивал на комедијата „Гола Месечина“  што се одржа во Скопје, во организација на Театар „Комедија“. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива

Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on Pinterest