Janevski

ЛЕ: ФК Вардар ја започнува одисејата во Лига Европа

Скопје, 14.септември 2017 (ИНПРЕС) – Вардаровиот шеф на стручниот штаб Чедомир Јаневски, на вчерашната прес конференција, ги кажа очекувањата за денешниот натпревар со Зенит во Лига Европа. Јаневски истакна дека се направени сите анализи кон противникот, и се надева дека тимот ќе се претстави во светло издание.

„Ова е значаен натпревар, не само за Вардар, туку и за македонскиот фудбал. Затоа ние овие денови се подготвуваме да направиме добар резултат. На првиот натпревар играме со Зенит, тим за кој што после добивањето на групите, знаеме дека е фаворит. Се работи за добар колектив со добри индивидуални играчи кои имаат во своите редови многу домашни и интернационални играчи, пред се од Аргентина. Ги направивме сите анализи на последните два натпревари. Ние во една работна и одлична атмосфера се подготвуваме да се претставиме во добро светло пред многубројната публика и пред нашите навивачи „Комити“ кои што ќе дојдат во голем број. Да одигаме еден добар, квалитетен натпревар и по крајот на средбата сите задоволни да го напуштиме стадионот“, изјави Јаневски.

Шефот на стручниот штаб на Вардар на прес-конференцијата истакна дека поради повреда нема да настапи украинскиот стопер Евгениј Новак.Јаневски истакна дека нема да ги залажува формата на Зенит кој на последните два натпревари, нема постигнато гол. (Крај)

извор: ФК Вардар фото: архива

Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on Pinterest