IMG_4387_M

Погодете го производот на „Витаминка“ на терасата на „Shilla“ и добивате вредни награди

Охрид, 15. септември 2017 (ИНПРЕС) – Во рамките на акцијата „Го сакам Охрид, ја сакам Витаминка“, септември и октомври 2017-та официјално ги прогласуваме за месеци на „Витаминка“ во Охрид.

Акцијата има многу делови – забавен, хуманитарен и сл., но она што веќе го привлече вниманието на охриѓани е мистериозната сложувалка која се наоѓа во центарот на градот и нуди можност за добивање на вредни награди, доколку се погоди скриениот производ на „Витаминка“.

– Она што треба да направите е да го погодите производот кој се крие зад големата сложувалка која веќе е поставена во центарот на градот, на терасата на кафе бар „Shilla“ и добивате супер вредни награди од „Витаминка“. Деловите од сожувалката постепено ќе се пополнуваат, а нејзиниот прогрес ќе можете да го следите и преку објави на OhridPress. Фотографијата со сложувалката, заедно со точниот одговор и Вашите податоци испратете ги на официјалната страна на Facebook на „Тамаро“ и веќе сте чекор поблиску до наградите, порачуваат организаторите.

IMG_4357Дарко беше среќен, бидете и Вие – секој ден со Александра од 15-16 часот на Супер радио со „Тамаро“ и „Витаминка“

Покрај тоа, охриѓани секој ден ќе имаат можност да добиваат вредни награди на програмата на Супер радио во терминот од 15-16 часот, а наскоро во „Shilla“ ќе имаме забава со ДЏ-и, музика, Стенд ап, највкусни „Витаминка“ производи, изложба на детски цртежи и многу други интересни содржини. За домаќинките ќе има посебен дел во проектот. Тие ќе треба само да го следат следниот рецепт и исто така ќе можат да добијат вредни награди:

– да го посетат најблискиот „Тамаро“ маркет
– да купат Чоко Стоби Флипс или Фрути од „Витаминка“ и да ја чуваат сметката
– да внесат ОГРОМНИ количини љубов и креација
– направената торта или слатките со овие производи да ги фотографираат и заедно со личните податоци да ги испратат на официјалната страна на „Тамаро“ на Facebook.

За нив ќе има многу вредни награди, но и ретка можност нивниот колач со името на најдобриот да се продава во сите „Тамаро“ маркети.

Како дел од поголемата акција, предвидени се и вредни донации за училиштата во Охрид и околината.

– Ќе не има секаде, ќе се наградуваме МНОГУ. Септември и октомври 2017-та – месеци на „Витаминка“ во Охрид. „Го сакам Охрид, ја сакам Витаминка“, додаваат организаторите.

И оваа акција е заеднички проект на водечката локална радио станица во државата – охридското Супер радио и охридските „Тамаро“ маркети, кои се вистински лидери во регионот во својот сегмент. Тие најавуваат и многу други заеднички проекти, кои како и подолг период наназад, се вистинско освежување во продукцискиот дел во Охрид. Сите видео содржини ќе се емитуваат на медиумскиот партнер на проектот – регионалната О2 телевизија. (Крај)

извор: ИнПрес фото: ИнПрес

Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on Pinterest