Missing image

Диего Коста за 65 милиони евра се враќа во Атлетико

Мадрид, 19. септември 2017 (ИНПРЕС) – Атлетико Мадрид понудил 55 милиони евра, плус дополнителни 10 милиони низ бонуси, за трансферот на Диего Коста. Доколку Челси ја прифати понудата, Бразилецот со шпански пасош ќе стане најскапиот играч на во историјата на Атлетико.

Диего Коста не е во плановите на менаџерот Антонио Конте, но трансферот Атлетико не можеше да го реализира во летниот преоден рок поради казната на ФИФА.

Шпанскиот репрезентативец веднаш по Новата година ќе може да потпише за клубот откаде пред три и пол години замина во Челси.

Шпанските медиуми, кои објавија дека трансферот е пред реализиција, прецизно пресметаа дека на почетокот на наредната година 28-годишниот напаѓач ќе биде точно 200 дена без одиграна минута на официјален натпревар. (Крај)

извор: Макфакс фото: ФБ