anitamicovaseptemvri

Анита Мицова сними видео за „На пат кон југ“ (Видео)

Охрид, 21. септември 2017  (ИНПРЕС) – Откако неодамна го промовираше видеото за песната „Златно жито“, познатата македонска поп пејачка Анита Мицова, сними видео приказна и за новиот синг „На пат кон југ“.

– Ова е петтиот сингл од албумот „Ти сум јас „ за кој официјалната промоција се одржа во јуни 2017 година и може да се најде на сите дигитални продавници, но и низ Македонија како диги пак верзија. Ова е веќе трет официјален видео запис годинава и се надевам дека ќе продолжам со праксата секој сингл да има и видео запис. Инаку, видеото го реализираше Јован Куциновски, за кој можам да кажам дека е вистински професионалец, а упатувам и голема благодарност до баба Ева која се согласи да биде дел од видеото и му даде посебен шарм. Зад аудиото, како и на претходните песни, така и за оваа застанаа Весна Малинова Бабамова и Кирил Бабамов. За мене е посебна чест и задоволство што хармониката ја свири Николче Мицевски, а за перкусиите беше задолжен Ратко Даутоски.

Анита Мицова беше дел и од Талент шоуто OhridSUPERSTAR, кое во организација на Супер радио и Тамаро се одржа неодамна. Во шоуто таа работеше и им беше ментор на дел од младите пејачи кои се пријавија на првото издание на ова шоу. За нејзините размислувања за музиката, но и многу повеќе интересни информации за Анита ОВДЕ. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on Pinterest