sobranienamakedonija

Рокот за изградба на автопатите продолжен за една година

Скопје, 21. септември 2017 (ИНПРЕС) – Собранието со 65 гласови „за“ го изгласа Законот за изменување и дополнување на Законот за реализација на инфраструктурни проекти за изградба на автопатите Кичево-Охрид и Миладиновци-Штип.

Измените, според предлагачот, Владата на РМ, се потребни поради изменети и корегирани градежни работи на делницата.

Тоа се автопатите што ги гради кинеската компанија „Синохидро“ и кои поради низа спорни моменти на што укажаа дел од незаконски прислушуваните разговори, резултираа со подигнување на обвиненија од Специјалното јавно обвинителство за високи функционери од претходната влада.

Анексот на договорот за изградба на делницата Миладиновци-Штип ќе го склучат Јавното претпријатие за државни патишта и компанијата кинеската компанија, која ги гради новите автопати. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива

Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on Pinterest