terenskadezinsekcija

Утре ќе се врши теристичка дезинсекција против комарци

Охрид, 21. септември 2017 (ИНПРЕС) – Екипи на охридскиот Центар за јавно здравје, утре, на 22-ри септември ќе спроведат теристичка дезинсекција против комарци.

– Запрашувањето ќе се врши во периодот од 22:00 до 06:00 часот со апарат за УЛВ ладно запрашување, а ќе биде опфатено охридското крајбрежјето, на потегот од селото Подмолје до комплексот „Св. Наум“, територијата на град Охрид и потегот на река Грашница и Коселска Река. Се молат пчеларите и пчеларските задруги да превземат соодветни мерки за заштита на на пчелите, информираат од Центарот.

Дезинсекцијата ќе сер спроведе согласно Законот за заштита  на населението од заразни болести (Сл. весник на РМ 66/2004, 139/2008 и 99/2009,  149/2014  и 150/2015), а врз основа на одлуката на Советот на Општина Охрид за спроведување на превентивна систематска дезинсекција на територијата на општината, како општа противепидемиска мерка.

Во случај на појава на неповолни временски услови (ветер или дожд) дезинсекцијата ќе се одложи за следниот поволен ден. Граѓаните дополнителни информации можат да добијат на телефоните: 046/231-881 и 046/230-231. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива

Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on Pinterest