Missing image

Ден без автомобили во Охрид

Охрид, 22. септември 2017 (ИНПРЕС) – Под мотото „Чиста, споделена и паметна мобилност“, во рамките на Европската недела на мобилност, денес во Охрид ќе се одбележи Денот без автомобили.

Охрид веќе неколку години е дел од мрежата на европските градови кои се вклучуваат во одбележувањето на овој ден.

Велосипедското дефиле ќе започне во 11:00 часот пред општинската зграда. Во перидот од 11:00 до 13:00 часот за сообраќај ќе бидат затворени улиците: „Димитар Влахов“, „Кузман Јосифовски“ – од пресекот со „Димитар Влахов“ до пресекот со „Партизанска“, „Партизанска“ – од пресекот со „Кузман Јосифоски“ до пресекот со „Јане Сандански“ и дел од „Јане Сандански“ – од пресекот со „Димитар Влахов“ до општинската зграда.

Пораката што се испраќа по повод Европската недела на мобилност е барем еден ден да го оставиме автомобилот дома, да возиме велосипед или да пешачиме, со што ќе придонесеме барем малку за зачувување на чистиот воздух и чистата животна средина. (Крај)

извор: Инпрес фото: архива