Бар, 23. септември 2017 (ИНПРЕС) – Црногорскиот тим Будуќност ќе ја предизвика Цедевита во финалето на Суперкупот на АБА лигата, каде учество не зема освојувачот на лигата, Црвена Звезда, затоа што тимот веќе претходно имаше договорено пријателски натпревари за темпирање на формата за Евролигата.
Во првото полуфинале, во крајно ефикасен натпревар Цедевита беше подобра од Мега Бемакс со 99:96, дуел во кој српскиот тим се врати од негатива од -21 и на крајот имаше напад да го преземе водството, но двапати промашија од линијата за слободни фрлања, што Цедевита во следниот напад го казни и ја потврди победата.
Второто полуфинале беше решено по само десет минути игра, Будуќност го совлада Морнар со 82:65, а веќе во првата четвртина имаше предност од 17 поени (27:10). Останатото беше само рутински одработена задача за пласман во финалето.
Финалето е на програмата е вечерва со почеток во 21 часот. (Крај)
извор: Макфакс фото: архива