benevento-kapiten

Капитенот на Беневенто паднал на допинг-тест во Серија А

Беневенто, 24. септември 2017 (ИНПРЕС) – Новиот калчолигаш Беневенто има многу лош старт на сезоната во Серија А,а нови главоболки пристигнаа откако капитенот на тимот, Фабио Лусиони, се покажа позитивен на допинг тест.

Тој паднал на тестот по мечот со Торино на 10 септември, откако во неговото тело е пронајдена забранета супстанца. Лусиони сега има автоматска суспензија за настапи, а ако и Б-примерокот се покаже позитивен, тогаш го очекува и голема казна од ФИФА.

Во телото на 29-годишниот фудбалер е пронајдена анаболички стероид, супстанцата „Клостебол“, која е забранета според Антидопинг – агенцијата на Италија. Лусиони, кој во Беневенто пристигна во 2014 година, ризикува суспензија од фудбалот во траење од една до четири години. (Крај)

извор: Екипа.мк фото: архива

Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on Pinterest