perperoglou

Перпероглу потпиша за Хапоел

Ерусалим, 24. септември 2017 (ИНПРЕС) – Грчкиот кошаркар Стратос Перпероглу ја напушти Барселона и потпиша договор со Хапоел од Ерусалим. Перпероглу има 33 години, а минатата сезона во просек од натпревар бележеше по 6,1 поени и 3,5 скока во Евролигата.

Перпероглу во кариерата трипати ја освојувал Евролигата, два пати со Панатинаикос (2009, 2011) и еднаш со Олимпијакос (2013).Трансферот во Хапоел значи дека тој првпат по една деценија нема да игра во Евролигата бидејќи израелскиот клуб сезонава ќе се натпреварува во Еврокупот каде што е еден од фаворитите за освојување на титулата.

Хапоел во Еврокупот ќе игра во Б-групата, во која уште се Будуќност (Црна Гора), Баерн Минхен (Германија), Галатасарај (Турција), Реџо Емилија (Италија) и Лиеткабелис (Литванија).

Сезоната во Еврокупот започнува на 10 октомври. (Крај)

извор: Макфакс фото: архива

Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on Pinterest