makedonijaizbori-640x360

СДСМ повикува на фер „борба“ на престојните избори

Охрид, 24. септември 2017 (ИНПРЕС) – На иницијатива на Социјалдемократскиот Сојуз на Македонија, денес, во 14:00 часот, во кафе барот „Галерија“ ќе биде одржана средба помеѓу кандидатите за градоначалник на Охрид и носителите на листи, на која ќе биде потпишан договор за фер борба на претстојните локални избори.

Претходно, во малата сала на Општина Охрид, кандидатите за градоначалник на Општина Охрид ќе го потпишат Кодексот за фер и демократски избори.

Кандидатот за градоначалник на Охрид од редовите на СДСМ и коалицијата, професорот Јован Стојановски ќе биде под број 19, д-р Митко Тилевски предложен од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата е под број 13, а независниот кандидат за прв човек на Охрид, Стевче Стевоски го носи бројот 44. За Охрид беа поднесени и прифатени пет листи за советници. Носителите од СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ ќе ги имаат истите редни броеви како и кандидатите за градоначалник, додека носителот од ДПА ќе биде под број 15, Коалицијата ДУИ, Алијанса за Албанците и БЕСА, ќе бидат четврти, а носителот на независна советничка листа, Љупчо Настоски ќе биде под број 24.

Вечерва на полноќ започнува кампањата во пресрет на локалните избори закажани за 15-ти октомври. Ќе трае до 13-ти октомври на полноќ. (Крај)

извор: Инпрес фото: архива

Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on Pinterest