poribuvanje

Охридското езеро ќе се порибува со пастрмка

Охрид, 28. септември 2017 (ИНПРЕС) – Охридското езеро денеска ќе биде порибено со подмладок на ендемичниот вид охридска пастрмка.

Подмладокот го одгледува Хидробиолошкиот завод во Охрид, а според експертите и сто илјади единки пастрмка што би преживеале се сосема доволни за природниот прираст на овој вид риба.

Како проблем го наведуваат неконтролираниот излов на риба од албанската страна на езерото, каде сеуште нема закон за рибарство и концесионер кој би се грожел за рибниот фонд.

Порибувањето ќе се спроведе на неколку локации и тоа во Пештани, Трпејца и Вир кај Охрид и Калишта и Радожда кај Струга.

На порибувањето ќе присуствува министерот за земјоделство,шумарство и водостопанство Љупчо Николовски. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива

Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on Pinterest