Bangkok1-640x359

Бангкок најпосетен град во 2017 година

Њујорк, 28. септември 2017 (ИНПРЕС) – Mastercard го објави Global Destination Cities Index во кој, меѓу останатото, објавен е податокот за најпосетени градови на светот во 2017 година.

Бангкок со 20,2 милиони меѓународни посетители се најде на првото место, а следат Лондон со 20 милиони, Париз и Дубаи со 16 милиони посетители па Сингапур со 13,45 милиони посетители.

На шесто место е Токио со 12,5 милиони посетители, а следат Сеул, Њујорк и Куала Лумпур.
Со нешто повеќе од 9 милиони посетители на десетто место се наоѓа Хонг Конг, а на единаесетто место е Истанбул. Барселона и Амстердам со речиси 9 милиони посетители ги зазедоа 12 и 13 место.

Следат Милано со нешто повеќе од осум милиони посетители, па Осака, Тајпеј и Рим до повеќе од седум милиони посетители.

Повеќе од шест милиони посетители имале Шангај, Виена, Прага и Мајакми. Помалку од шест милиони посетители поминале низ Лос Анџелес, индискиот град Ченај, па Даблин и Мадрид. Минхен имал 5,4 милиони посетители, Мумбаи и Торонто по 5,3 милиони, а Берлин нешто повеќе од пет милиони посетители.

На 30-то место е јужноафриканскиот град Јоханесбург, кој оваа година го посетиле 4,8 милиони луѓе. (Крај)

извор: Локално фото: архива

Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on Pinterest