vozacкаdozvolа-640x360

Кривична за охриѓанец поради давање лажен исказ дека ја изгубил возачката дозвола

Охрид, 4. октомври 2017 (ИНПРЕС) – СВР Охрид поднесе кривична пријава против Г.Д.(34) од Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „давање лажен исказ“.

Пријавениот, на 22-ри февруари оваа година во Отсекот за  управни работи при СВР-Охрид, во управна постапка дал лажен исказ дека неговата македонската возачка дозвола издадена од СВР Охрид во текот на 2011, со рок на важност до 2021 година, ја изгубил. Тоа свесно го направил иако знаел дека, македонската возачка дозвола како јавна исправа, претходно ја употребил во Република Бугарија за нејзина замена со бугарска возачка дозвола.

Врз основа на овој негов писмен исказ даден во управната постапка во СВР Охрид била заснована одлуката на овој државен орган донесена во текот на март оваа година, на сега пријавениот  да му се издаде нова македонска возачка дозвола. (Крај)

извор: СВР Охрид фото: архива

Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on Pinterest