cetkar4

Во Охрид се снима спотот за песната „Travel The World“ на Четкар

Охрид, 4. октомври 2017 (ИНПРЕС) – На повеќе локации низ Охрид се снима најновиот спот на познатиот џез музичар, охриѓанецот Владимир Василевски Четкар.

Спотот е за неговата најнова песна, „Travel The World“, а се снима низ стариот дел на градот, предворјето на црквата „Св.Софија“ и на други локации низ Охрид. За изработката на видео записот е задолжен тимот на познатиот охридски продуцент Борче Димоски.

Се очекува спотот да биде промовиран во првата половина од овој месец.

Инаку Четкар работи на неговиот нов албум, кој ќе биде комплетиран по неговото враќање во Њујорк, а промоцијата ќе биде на крајот од годинава. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива

Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on Pinterest