avtopatizgradba

Кинезите бараат уште 143 милиони евра за непредвидени работи на автопатот Кичево-Охрид

Охрид, 4. октомври 2017 (ИНПРЕС) – Кинеската компанија „Синохидро“ бара од Владата уште 143 милиони евра за дополнителни непредвидени работи на изградбата на автопатот Кичево-Охрид, но Владата не сака да ги плати средствата што ги бара кинескиот изведувач.

Порталот СДК, од свои извори во Владата, објави дека сѐ уште не е направена конечна пресметка на штетата од грешките во проектирањето на трасата на автопатот. Надзорот констатирал сериозни неусогласености меѓу проектната документација и реалната состојба на терен.

Поранешната влада на ВМРО-ДПМНЕ, потпиша договор за автопатот Кичево-Охрид со кинеската фирма „Синохидро“ во вредност од 373 милиони евра. Со непредвидените работи и исправање на грешките, според досегашното вештачење на сработеното и што треба уште да се направи, се проценува дека цената на автопатот ќе стигне околу 500 милиони евра за 57 километри. Автопатот кон Охрид би требало да биде готов до февруари 2018 година, но според ситуацијата на теренот, тој рок нема шанси да се стигне. (Крај)

извор: СДК фото: архива

Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on Pinterest