binlioteka_knigi_640x360

Збогатен книжниот фонд во Библиотеката „Григор Прличев“

Охрид, 4. октомври 2017 (ИНПРЕС) – За љубителите на пишаниот збор, од охридската Библиотека „Григор Прличев“ информираат дека е збогатен книжниот фонд со нови наслови.

– Меѓу новите наслови во Библиотеката за овој месец ги издвојуваме: „Линда” – Лејф Г.В. Першон, „Јас пред тебе” – Џоџо Мојес, „Орландо” – Вирџинија Вулф, „Мојот татко Пабло Ескобар” – Хуан Пабло Ескобар, „Љубов на два континента” – Марија Бабамова, „Во вортексот на остварените желби” – Ана Бучевиќ и „Љубовниците и мистиците” – Руми Џелалудин, информираат од Библиотеката. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива

Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on Pinterest