filozofskidijalog-620x360

Во Охрид се одржува третиот меѓународен филозофски дијалог „Исток-Запад“

Охрид, 6. октомври 2017 (ИНПРЕС) – Денеска во Охрид ќе се одржи последната сесија од Третиот меѓународен филозофски дијалог „Исток-Запад“.

Организатор е Македонската академија на науките и уметностите, Меѓународниот славјански универзитет „Гаврило Романович  Державин“ и Филозофското друштво на Македонија.

Годинешна тема на собирот е „Филозофија на образованието & филозофија во образованието“.

Покрај во Охрид, измиативе два дена настанот се одржа во Скопје ио Битола, а учествуваат истакнати академици, професори и филозофски истражувачи од Франција, Русија, Србија и Македонија.

Сесијата во Охрид ќе се одржи во куќата „Уранија“, со почеток во 11:00 часот. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива

Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on Pinterest