mitkotilevski091017

Тилевски: Ќе ја вратиме автентичноста и сјајот на Охридската Чаршија

Охрид, 9. октомври 2017 (ИНПРЕС) – Охрид претставува лулка на културните, традиционалните, историските и религиски вредности. Македонската култура е дел од македонскиот идентитет, македонската култура не издвојува, но и не соединува со светот, порача на денешната прес конференција кандидатот за градоначалник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Митко Тилевски.

– Нејзин белег е Охрид, додека пак за Охрид, траен белег е Чаршијата, место каде што се случуваат многуте меѓународни манифестации, национално-културни настани, концерти и претстави, спортски настани, изложби и промоции.
Чаршијата е ризница на културата, затоа со новиот проект ќе се пристапи кон:
– Изработка на стратегија и акционен план за реконструкција и замена на дограма и излози во охридската чаршија
(замена на традиционални типови дограма)
Целта на проектот е враќање на автентичноста и сјајот на Охридската Чаршија, преку изготвување на идејни решенија, стандарди и правилници за уредување на угостителски тераси, тенди, дуќани и излози и замена на постојните алуминиумски и пластични разнобојни дограми и излози со традициоанална висококвалитетна дограма.
– Типизирани тезги
Овој проект предвидува определување и уредување на изложбено-продажен простор во Чаршијата со изработка и поставување на типизирани штандови за продавање на сувенири и сл. и нивна замена со досегашни тезги на строго определени локации на градот.
– Поставување на рекламни билборди со фотографии од стар Охрид
Изобилството на стари автентични фотографии со локации од Охрид од минатото е одлична можност за привлекување на вниманието не само на туристите туку и на граѓаните на Охрид, со цел враќање во времето низ еден визуелен времеплов и согледување на самата еволуција на градот. Билбордите ќе се постават на повеќе локации од градот со автентични фотографии како сведоштво за изгледот на градот во минатото, порача Тилевски. (Крај)

извор: ВМРО-ДПМНЕ фото: ВМРО-ДПМНЕ

Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on Pinterest