joel-embiid

НБА: Ембид од Филаделфија доби 148 милиони долари за пет години

Филаделфија, 10. октомври 2017 (ИНПРЕС) – Џоел Ембид ќе потпише нов петгодишен договор со Филаделфија тежок 148 милиони долари. Оваа информација ја објави новинарот на ЕСПН, Едријан Војнаровски, а Ембид би можел да заработи и до 178 милиони долари доколку бидат исполнети некои клаузули во договорот.

Според информациите од САД, ова е еден од најкомплексните договори бидејќи содржи многу детали. На пример, Ембид би можел да заработи дополнителни 30 милиони долари доколку биде избран во првата, втората или третата петорка во НБА-лигата или доколку влезе во конкуренција за МВП-наградата.

Ова се само некои од деталите, а според медиумите, има уште многу детали што не се откриени.Многумина се сомневаат во овој договор бидејќи Ембид досега во кариерата има одиграно само 31 натпревар поради повредите и прашање е дали неговото тело ќе може да ги издржи напорите што ги бара НБА-лигата.

Сепак, минатата сезона, иако одигра само 31 натпревар, Ембид целосно го смени ликот на франшизата од Филаделфија.

Ембид минатата сезона во просек играше 25 минути од натпревар остварувајќи учинок од 20,2 поени, 7,8 скока, 2 асистенции и 2 блокади. (Крај)

извор: макфакс фото: архива

Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on Pinterest