edrilicarskaregata

„Ohrid Sailing Cup“ утре во Охрид

Охрид, 20. октомври 2017 (ИНПРЕС) – Во организација на Aquatica Yachting, утре во Охрид ќе се одржи Куп во едрење „Ohrid Sailing Cup“.

– Станува збор за вистински празник за сите љубители на едрењето. Утре во водите на Охридското Езеро ќе се одржи уште едно издание на „Ohrid Sailing Cup“, со кој на голема врата се враќа едрењето во Охрид. Едрејќи на регатното поле од градското пристаниште – Куба Либре – Канео – Градско пристаниште, едриличарите ќе им приредат вистинско дожувување на сите љубители на овој спорт, но и на оние кои едноставно сакаат да уживаат во овој несекојдневен настан и убавините на езерото, порачуваат организаторите.

Ќе учествуваат 15 едрилици со по 3 члена, а ќе се едри во 2 класи – микро и минитонер. Во зависност од временските услови, планирано е да се изедрат минимум 3 трки. Регатата свечено ќе биде отворена во 10:30 часот во тераса „Аквариус“, а првата трка ќе започне во 11:00 часот. Настанот ќе може да се следи во живо на ТвМ телевизија, а вклучувања во живо ќе има и на програмата на Супер радио. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива

Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on Pinterest