Serena-Wiliams

Серена Вилијамс му се враќа на тенисот на Австралија Опен

Вашингтон, 10. октомври 2017 (ИНПРЕС) – Aмериканската тенисерка Серена Вилијамс ќе се врати на тениските терени по породувањето и ќе ја брани титулата на следниот гранслем турнир Австралија Опен во Мелбурн. Првиот човек на турнирот, Крег Тајли, потврди дека некогаш најдобрата светска тенисерка повторно ќе игра на овој гранслем.

„Серена се враќа. Се радуваме што повторно ќе ја нагостиме и ќе го следиме нејзиниот пат кон уривањето на рекордот по бројот на освоени гранслем турнири“, изјави Крег Тајли.

Најтрофејната тенисерка на сите времиња поради бременоста привремено се повлече од тенисот, а во септември го роди девојчето Алексис Олимпија Оханијан. Само четири месеци подоцна таа ќе се појави на терените во Мелбурн.

Во машка конкуренција, ќе се појават и Новак Ѓоковиќ и Енди Мареј, кои оваа сезона отсуствуваа подолго поради повреди. (Крај)

извор: екипа.мк фото: архива

Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on Pinterest