nasilstvo1-640x358

Кривична за жител на Шипокно кој ја претепал поранешната сопруга

Охрид, 10. октомври 2017 (ИНПРЕС) – Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „телесна повреда“, СВР Охрид Охрид поднесе кривична пријава против 64-годишниот Л.И. од охридското село Шипокно.

– Пријавениот, казненото дело го сторил на 19-ти овој месец, во 17:00 часот во дворот од семејната куќа каде била неговата поранешна сопруга. Тој најнапред и` упатил низа навредливи зборови и закани по нејзиниот живот со што предизвикал страв и несигурност а потоа физички ја нападнал удирајќи ја со стап по целото тело. Оштетената набрзо била пренесена во Општа болница во Охрид, каде и` била укажана неопходна лекарска помош, информираат од СВР Охрид. (Крај)

извор: СВР Охрид фото: архива

Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on Pinterest