mitkotilevski101017

Тилевски: Подобар стандард и нови работни места за подобрување на квалитетот на животот

Охрид, 10. октомври 2017 (ИНПРЕС) – Подобар стандард на луѓето, дополнителни нови работни места и приход, подобрување на квалитетот на животот на населението е приоритетот на идната Локална Самоуправа предводена од ВМРО-ДПМНЕ, порача на денешната прес конференција кандидатот за градоначалник на Охрид од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Д-р Митко Тилевски.

Тој најави и дел од мерките со ои – Општината ќе тежнее кон заложби за економски развој на Охрид и проширување на активностите преку ефикасно користење и распределба на ресурсите за одржлив економски пораст. Првичната цел е помош на охриѓани за подобрување на својата социјална и економска положба, квалитетот на живеење според европските и светските стандарди.
Затоа пристапуваме со низа нови проекти:
– Субвенционирање на дел од патните трошоци на просветните работници кои патуваат од град во село и обратно до своето работно место
Со оваа мерка се субвенционираат дел од патните трошоци на просветните работници кои патуваат од град во село и обратно до своето работно место. Исплатата од страна на Општина Охрид врз основа на Заклучок донесен од страна на Комисијата за финансии и буџет при Советот на Општина Охрид.
– Можност за субвенционирање на граѓани со над 50 години при самовработување во социјални активности
Проектот има за цел субвенционирано вработување на одредени категории на граѓани кои потешко наоѓаат работа, а посебно повозрасната категорија на граѓани со над 50 години. Истовремено со проектот се помага и она онаа категорија граѓани кои се во тешка социјална состојба и имаат потреба од услуги од типот на чување на деца и на стари и изнемоштени луѓе. Проектот во основа има цел поврзување на овие две категории на граѓани.
– Стипендии за талентирани студенти, средношколци и основци, стипендирање на социјални категории на студенти, средношколци, основци
– Субвенционирање на курсеви по информатика за возрасни и посебни категории
Со субвенционирање на овие курсеви, Општина Охрид директно придонесува во докфалификација на пазарот на трудот, нудејќи отворена можност за секој кој има желба да го награди своето знаење со цел да биде поконкурентен на пазарот и да го подобри својот деловен профил.
– Основни ИКТ-обуки за граѓани
Обуките ќе се спроведуваат во бесплатни интернет-клубови. ИКТ-обуките ќе се организираат за основни вештини за практично работење со компјутер и интернет (Word, Excel, PowerPoint, Outlook, Skype)
– Формирање на претриемачки инкубатор за нови бизниси за млади лица
Со овој проект се предвидува формирање на претприемнички инкубатор за почетници, со што би се овозможило изнајмување на простории со повластени цени, располагање со деловна инфрастуктура, интелектуални и деловни услуги, како и советодавна поддршка за успешен развој на своите идеи и бизнис. Истовремено би се добивале и техничка поддршка во насока на развој, сметководствени и маркетиншки услуги и програми за едукација и советодавна помош со цел изнаоѓање на финансиски средства преку национални и меѓународни проекти.
– Субвенции на комунални трошоци за ранливи категории граѓани
– Субвенционирање за купување велосипед
Со оваа мерка Општина Охрид ќе ги мотивира своите граѓани, почесто да го користат велосипедот како превозно средство, со што ќе се придонесе за поздрава околина, почист воздух и поздрави навики.
– Проекти за општокорисна работа преку секторот за туризам и локален економски развој
– Изградба на центар за бездомници, порача Тилевски. (Крај)

извор: ВМРО-ДПМНЕ фото: ВМРО-ДПМНЕ

Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on Pinterest