izborenproces-640x331

Започна дистрибуцијата на доверливиот изборен материјал

Скопје, 12. октомври 2017 (ИНПРЕС) – Државната изборна комисија започна со дистрибуција и примопредавање на доверливиот изборен материјал на општинските изборни комисии за локалните избори кои ќе се одржат во недела.

Согласно изборниот роковник, ДИК изборниот материјал го предава на ОИК најдоцна во рок од 72 часа пред денот определен за одржување на изборите, а ОИК е должна еден ден пред денот определен за одржување на изборите да го предаде изборниот материјал на избирачките одбори.

Шестите локални избори во Македонија ќе се спроведуваат на 3.480 избирачки места во 80 општини и во Градот Скопје. Кампањата за првиот изборен круг ќе заврши утре на полноќ.

Вториот круг од изборите е закажан две недели подоцна, на 29-ти октомври. (Крај)

извор: ИнПрес фото: архива

Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on Pinterest