Nadal

Надал против Чилиќ во полуфиналето на мастерсот во Шангај

Шангај, 13. октомври 2017 (ИНПРЕС) – Рафаел Надал преку Димитров до место меѓу четирите најдобри на мастерсот во Шангај. Шпанскиот тениски ас не загуби гејм на свој сервис, но мечот го доби со 2-1 во сетови.

Првиот сет го доби со 6-4, во вториот и двајцата беа перфектни на свој сервис па одлучуваше тајбрејкот а во него Димиторв победи со 7-4.Во третиот решавачки сет, Надал повторно беше на висината на задачата и со 6-3 победи за пласман во полуфиналето.

Противник ќе му биде Марин Чилиќ кој немаше тешка задача против Рамос победувајќи го со 6-3,6-4.Денеска се играат уште четвртфиналните дуели Троицки – Дел Потро и Гаске – Федерер. (Крај)

извор: Мкд.мк фото: архива

Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on Pinterest