policiska-lenta

Охриѓанка заработи кривична, поднела лажен доказ за да плаќа помала алиментација

Охрид, 25. октомври 2017 (Инпрес) – СВР Охрид поднесе кривична пријава против 36 годишната Г.Т. од Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „поднесување лажни докази“.

Пријавената, во бракоразводна постапка во Основен Суд Охрид како доказ употребила исправа за која знаела дека е невистинита со цел да и биде изречена помала сума за издршка на малолетната ќерка.

Таа пред судот приложила лажен доказ односно невистинити исплатни листи за месечна нето плата од вкупно 13.000 денари во првите три месеци од оваа година иако знаела дека за истиот период, нејзината плата изнесувала 18.000 денари. Тоа било суштинско во бракоразводната постапка и во пресудата на Основниот суд во Охрид да биде задолжена да исплаќа помал износ за издршка на малолетно дете. (Крај)

извор: МВР фото: архива

Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on Pinterest