policija-8

Кривична за охриѓанец кој кршел прозори и фрлил запалива материја во стан

Охрид, 27. октомври 2017 (Инпрес) – СВР Охрид поднесе кривична пријава против Х.Б. (18) од с.Косел поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност“.

На втори овој месец на улица „Ванчо Николески“, пријавениот ги скршил прозорците од дневната соба во станот на В.Г. (61). Потоа, додека полициски службеници од СВР Охрид вршеле увид во станот, фрлил запалива материја на влезната врата од станот од која се запалил дел од вратата. (Крај)

извор: МВР фото: архива

Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on Pinterest