policijaslika

Две лица повредени при превртување на машина за сечење дрва

Охрид, 27. октомври 2017 (Инпрес) – Две лица се повредени при превртување на мобилна машина за сечење дрва.

Сообраќајната несреќа се случила вчера во 13:45 часот на локалниот пат во населбата Рача, во која мобилна машина за сечење на дрва марка „Аран“ , управувана од Р.Л. (75) од Охрид, со задниот дел удрила во камен и се превртела. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил возачот, кој бил пренесен и задржан на лекување во болницата „Св.Еразмо“.

Со телесни повреди се здобил и сопатникот Р.Р. (49) од Охрид, кој бил пренесен и задржан на лекување во Општа болница Охрид.

Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Охрид. (Крај)

извор: МВР фото: архива

Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on Pinterest