ugrenovicsudenje-640x359

Ново рочиште за убиството на Димитар Матилоски, на Угреновиќ ќе му се суди во отсуство ако не се појави во судот

Охрид, 6. ноември 2017 (Inpress) – Утре ќе се одржи ново продолжение на главната расправа во повторениот судски процес за убиството на младиот Димитар Матилоски.

И по две години македонското судство не успеа да го реши овој случај. Немилиот настан се случи на Новогодишната ноќ 2016 година кога 29-годишниот Бојан Угреновиќ од Краљево, на смрт го претепа Димитар во строгиот центар на Охрид. На првиот судски процес, тој беше прогласен за виновен и му беше изречена затворска казна во времетраење од 16 години. Пресудата беше обжалена од одбраната, по што Апелацискиот суд од Битола побара повторување на процесот. Со оглед на тоа што истече максималниот законски рок за притвор, Угреновиќ, со одлука на судот на 27-ми јули беше пуштен на слобода.

Кривичниот совет донесе решение за изрекување мерка на претпазливост за обвинетиот, забрана за напуштање на привременото престојувалиште, хотел „Амбасадор“ во Скопје, а во отсуство му беше одреден и нов притвор. Но, досега судот нема добиено известување од СВР Скопје дали Угреновиќ е пронајден.

Очекувано, според ваквата ситуација, обвинетиот не се појави во судот ни на монатото рочиште, што се одржа на 3-ти октомври. Доколку и утре неговото столче во обвинителната клупа остане празно, судот ќе побара на Угреновиќ да му се суди во отсуство.

По откажувањето на полномошното за застапување на обвинетиот, наместо адвокатот Донче Наков, бранител на Угреновиќ во иднина ќе биде адвокатот Емил Балабан, кој го именува судот по службена должност. (Крај)

извор: Inpress фото: архива

Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on Pinterest