sojuznasindikati-639x360

Сојузот на синдикати на Македонија во Охрид избира нов претседател

Охрид, 11. ноември 2017 (Inpress) – Сојузот на синдикати на Македонија на вонреден конгрес денеска во Охрид треба да избере нов претседател.

По одржаните седници на Советот и на Претседателството на ССМ, единствен кандидат за оваа функција е актуелниот в.д. претседател Дарко Димовски. Од вкупно 18 гранкови синдикати, две третини му дале поддршка на Димовски.

– Утврдениот предлог за претседател на ССМ  во предходно спроведена постапка согласно Критериумите, беше поддржан од 12 грански синдикати здружени во ССМ, односно од 2/3 од синдикатите здружени во ССМ во кои членуваат 43.288 членови и истиот ги исполнува во целост потребните  услови согласно Критериумите, стои во одлуката.

Кандидатури поднеле и првите луѓе на УПОЗ и на Македонскиот полициски синдикат, Пецо Грујовски и Ацо Антовски, но поради не исполнување на условите истите не биле прифатени.
Грујовски, пак го тврди спротивното, дека ги исполнува условите и истакнува дека има поддршка од шест, а не од пет гранкови синдикати. Останува неизвесно дали гранковите синдикати кои го поддржуваат првиот човек на УПОЗ ќе се појават на конгресот. (Крај)

извор: Inpress фото: архива

Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on Pinterest