Naum_Miladinov1_640x360

Свечена академија по повод 200 години од раѓањето на Наум Миладинов

Струга, 11. ноември 2017 (Inpress) – Вечерва во големата сала на  Домот на културата „Браќа Миладиновци“ во Струга ќе се одржи Свечена академија со која ќе се одбележат 200 години од раѓањето на Наум Миладинов, братот на Димитар и Константин Миладинови.

За животниот пат и музичкото творештво на Наум ќе говорат проф.Петар Аврамоски и доц. д-р Димитри Кумбароски. Проф. д-р отец Стефан Санџакоски ќе беседи на тема „Наум Миладинов – маркантен и светлозарен претставник на православаната философија на животот според Богочовекот Христос“. Свој музички настап ќе има правнукот Христијан Миладинов.

akademija_naum_miladinov_1_360x640

Во склоп на програмата предвидено е концерт да одржи Хорот „Калистрат Зографски“. Почетокот на академијата е закажан за 19:00 часот. (Крај)

извор: Inpress фото: архива

Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on Pinterest