esadbajram

In memoriam: Почина познатиот поет и преведувач Есад Бајрам

Охрид, 11. ноември 2017 (Inpress) – Во 83-та година од животот синоќа во Охрид почина познатиот поет,раскажувач , преведувач и публицист од турската етничка заедница во Македонија.

Есад Бајрам е роден во Охрид во 1934 година. Завршил Виша педагошка школа во Скопје. Бил општествено-политички работник. Член на Друштвото на писатели на Македонија од 1987 година. Неговите предци од Турција дошле во Македонија. Есад Бајрам се гордеел што тие не биле освојувачи туку камилари. Всушност тие носеле храна за војската. Неговиот прадедо се населил во Пештани а татко му и тој се родени Намазија, во Охрид. Мајка му живеела на Имарет. Бајрам бил најмалиот во семејството од уште двајца браќа и една сестра.

Првите стихови ги напишал во почетокот на шеесеттите од минатиот век во „Млад борец“ и „Бирлик“.
„Плетенки“, „Буквар и срце“, „Вечерни прошетки“, „Ѕвездени бакнежи“, „Пеливани во кујната“, „Очите вечерни зелени“, „Во самоварот на животот“ се само мал дел од неговото творештво.

Од поранешниот турски претседател Сулејман Демирел добил награда за придонес во афирмацијата на турската литература во светот.

По повод Светскиот ден на преведувачот, 30 септември, во 2012 година Друштвото на писателите на Македонија му ја врачило повелбата „30 Септември“ што се доделува на истакнат македонски книжевен преведувач за долгогодишна успешна преведувачка активност.

Во Охрид ќе биде запаметен и како директор на ОУ „Братство – Единство“.

Погребот на Есад Бајрам ќе се изврши денес во 13:00 часот на Градските гробишта во Охрид. (Крај)

извор: Inpress фото: архива

Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on Pinterest