Federer

Федерер и Зверев со победа го започнаа завршниот мастерс во Лондон

Лондон, 13. ноември 2017 (ИНПРЕС) – Еден брејк и еден мини-брејк му беа доволни на Роџер Федерер да го победи Џек Сок на отварањето на завршниот турнир во Лондон.Федерер со 6-4 и 7-6 го победи Сок во О2 арената и дојде планираната победа на стартот од турнирот во Лондон.

Од оваа група Александар Зверев го победи Марин Чилиќ на Мастерс Купот во Лондон. Иако Чилиќ водеше во третиот сет, го изгуби водството и му дозволи на Зверев да се врати и да го победи со 2:1 во сетови (6-4, 3-6, 6-4).

Zverev

Денеска на програмата се првите мечеви од групата А, Тим – Димитров и Надал – Гофан. (Крај)

извор: Мкд.мк фото: архива

Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on Pinterest