crkvaopsta-640x360

Света архиерејска литургија по повод празникот „Св. бесребреници Козма и Дамјан“

Охрид, 13. ноември 2017 (Inpress) – Дебарско-кичевската епархија ги известува православните верници дека во вторник, на 14-ти ноември 2017 година, во црквата „Св. Козма и Дамјан“, Варош – Охрид, ќе се служи света архиерејска литургија, по повод празникот „Св. бесребреници Козма и Дамјан“.

Со литургијата која ќе започне во 08:45 часот ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско – кичевски и Администратор Австралиско – сиднејски г. Тимотеј. (Крај)

извор: Inpress фото: архива

Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on Pinterest