ezero-1-640x360

Покачено нивото на Охридското езеро

Охрид, 14. ноември 2017 (Inpress) – Врнежите од дожд кои ги имаме деновиве позитивно влијаат на водостојот на Охридското езеро.

Според мерењата објавени на веб страната на ЕЛЕМ, денеска нивото на езерската вода е на 693,26 метри надморска височина, односно девет сантиметри над нултата кота (693,17).

vodostojnaezeroto

ezero 2

Со оглед на најавите од метеоролозите дека не очекуваат врнежливи денови, токму тоа ќе повлијае на подобрување на хидролошката состојба на езерото, која периодов наназад е загрижувачка. (Крај)

извор: Inpress фото: Inpress

Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on Pinterest