tortapaunanabela1-640x360

Тортијада во Охрид по 22-ри пат

Охрид, 14. ноември 2017 (Inpress) – По 22-ри пат во организација на женскиот центар „Бисера“ и годинава ќе се одржи традиционалната „Тортијада“.

Манифестацијата ќе се одржи во петок, 17-ти ноември, во хотелот „Нова Ривиера“ со почеток во 20:00 часот.

Охридските слаткарници, но и домаќинки повторно ќе ги претстават своите торти и слатки специјалитети. Влезниците за тортијадата се пуштени во продажба и можат да се набават на рецепција во хотел „Нова Ривиера“. (Крај)

извор: Inpress фото: архива

Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on Pinterest