kradec1-640x360

Фатен крадец од Полска кој „оперирал“ во Охрид

Охрид, 15. ноември 2017 (Inpress) – Синоќа, околу 17:00 часот, на улицата „Железничка“ во Охрид бил затекнат 31-годишниот К.М.М. од Република Полска.

– Со оглед на тоа што во неговото престојувалиште биле пронајдени предмети кои потекнуваат од кривично дело „тешка кражба“, како и на други околности кои укажуваат дека истиот е можен сторител, а поради постоење на опасност од бегство, тој бил лишен од слобода и задржан во просториите на Полициската станица во Охрид, информираат од МВР.

За настанот биле известени дежурен Јавен обвинител и дежурен Судија во претходна постапка од Основниот суд во Охрид. (Крај)

извор: МВР фото: архива

Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on Pinterest