aerodromohrid-640x360

Расте бројот на превезени патници од охридскиот аеродром

Охрид, 16. ноември 2017 (Inpress) – Во периодот од јануари заклучно со октомври оваа година од аеродромот „Св. Апостол Павле“ во Охрид биле превезени 148 109 патници.

Споредено со бројот на превезени патници во истиот овој период минатата година (130 689 патници), значи зголемување за 13,3%.

Само во месец октомври годинава од двата македонски аеродроми биле превезени вкупно 184 393 патници. Споредено со 2016 година, кога во текот на истиот месец се регистрирани 151 877 патници, забележан е раст од 21,4%.

turistipolska2

Министерот за транспорт и врски Горан Сугаревски потенцира дека една од заложбите на македонската Влада за развој на воздушниот сообраќај во земјава е зголемување на капацитетите на охридскиот аеродром и негово промовирање во аеродром за нискобуџетни компании кои ќе нудат летови за бројни дестинации.

Па така, веќе од следната летна сезона естонскиот авиопревозник „Нордика“ ќе почне да лета на авиолинијата Талин – Охрид – Талин и тоа еднаш неделно, секој петок. Постои можност и полската авио компанија ЛОТ „Полиш ерлајнс“ да воспостави летови од аеродромот во Охрид. (Крај)

извор: Inpress фото: архива

Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on Pinterest