opstinastruga

Конституиран Советот на општина Струга, Ресул Каба избран за претседател

Струга, 16. ноември 2017 (Inpress) – Се конституира Советот на општина Струга, а за прв човек беше избран Ресул Каба.

Врз основа на уверенијата добиени од Општинската изборна комисија беа потврдени мандатите на 27 -те советници.

Новиот претседател Каба потенцира дека во следните четири години ќе работи во согласност со правилата и деловникот и ќе придонесува за развој, посветла иднина и просперитет на општина Струга како и за граѓаните без разлика на политичката, верска, национална и каква било друга определба. (Крај)

извор: Inpress фото: архива

Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on Pinterest