germanska-reprezentacija

„Гардијан“ најмногу шанси за трофејот на СП и дава на Германија

Лондон, 19. ноември 2017 (ИНПРЕС) – Угледниот британски весник „Гардијан“ најголеми шанси за освојување на Светското фудбалско првенство во Русија и дава на германската репрезентација, а најмали на Австралија.

Според Гардијан актуелните светски шампиони имаат најквалитетен состав, а селекторот Јоаким Лев има шанса да стане вториот кој освоил две последователни титули, по Виторио Поцо кој ја предводеше Италија до тронот во 1934 и 1938 година.

По Германија најдобри шанси Германија, „Гардијан“ на својата листа го смести Бразил, додека на третото место е Шпанија. Четврта е Франција, а петта Белгија.

Целосна листа на фаворити за победник на Мундијалот 2018 според Гардијан: 1.Германија 2.Бразил 3.Шпанија 4.Франција 5.Белгија 6.Португалија 7.Нигерија 8.Полска 9.Аргентина 10.Уругвај 11.Мекиско 12.Исланд 13.Хрватска 14.Англија 15.Сенегал 16.Шведска 17.Данска 18.Мароко 19.Србија 20.Колумбија 21.Египет 22.Швајцарија 23.Перу 24.Русија 25.Костарика 26.Иран 27.Јапонија 28.Тунис 29.Јужна Кореја 30.Панама 31.Саудиска Арабија 32.Австралија. (Крај)

извор: Макфакс фото: архива

Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on Pinterest