Missing image

Капетанијата подготви проект за обележување на пловните патишта во Охридското Езеро

Охрид, 24. септември 2014 (ИНПРЕС) – Капетанијата на пристаништа на Република Македонија со седиште во Охрид  изработи проект за сообраќајно обележување на пловните патишта во Охридското Езеро.

Целта на овој проект, како што вели првиот капетан во Република Македонија Горан Устијаноски, е да се овозможи поголема безбедност во движењето на пловните објекти. Секаде каде што има поголема фрекфенција од пловни објекти ќе бидат поставени соодветни сигнални уреди.

-Проектот го изработив во текот на иминатиот период  заедно со стручните служби во Капетанијата на пристаништа. До неговата реализација треба да дојде во текот на 2015 или 2016 година со средства што ќе ги обезбеди Владата на Република Македонија, вели Устијаноски.

Обележувањето на пловните патишта преку овој проект се однесува само на македонскиот дел од Охридското Езеро.

Инаку, министерот за транспорт и врски на Република Македонија Миле Јанакиески при неговата посета во Охрид на 17. август годинава истакна дека седум проекти што ги реализира Охридската капетанија преку Министерството за трнаспорт и врски  се одвивале согласно предвидената динамика. (Крај)

извор: Охридпрес фото: Охридпрес