policijaopsta

Жител на селото Лешани опожарил возило во селото Оровник

Охрид, 21. ноември 2017 (Inpress) – Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „предизвикување општа опасност“, СВР Охрид поднесе кривична пријава против 30-годишниот А.М. од охридското село Лешани.

– Пријавениот, во периодот 26/27 октомври оваа година, подметнал пожар на патничко моторно возило марка „Рено-4“ сопственост на М.Л. од селото Оровник. Тој, со течност го полил задниот дел од возилото кое било паркирано во дворот од семејната куќа на оштетениот и го запалил. По запалувањето на возилото и предизвикувањето  општоопасно дејствие, пријавениот А.М. веднаш избегал од местото на настанот, информираат од СВР Охрид. (Крај)

извор: СВР Охрид фото: архива

Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on Pinterest