ВМРО-НП од Охрид го поздрави барањето на МПЦ до БПЦ

Охрид, 22. ноември 2017 (Inpress) – Од ОК на ВМРО-Народна партија од Охрид информираат дека ја поздравуваат одлуката на светиот синод  на Македонската Православна Црква да изнајде начин за признавање на нашата света апостолска православна црква и секако да се исправи една историска неправда од 1767 година кога беше укината  Охридската Археископија.

– За таа цел го охрабруваме светиот синод на МПЦ да продолжи да разговара со сите православни цркви, особено со оние кој вистински сакаат да помогнат во признавањето на МПЦ, а тоа во моментов е Бугарската Православна Црква. Нашиот апел до двете православни и сестрински цркви и до нивните великодостојници е да го искористат овај историски момент и да си подадат рака и со тоа ќе покажат зрелост и мудрост, а истовремено ќе придонесат кон приближување и помирување и на другите православни цркви во регионов. Имено, не можеме да ги разбереме напорите на поединци и одредени медиуми кој со сите сили работат овај историски договор да не успее. Уште еднаш го повикуваме владиката Повардарски Агатангел, повеќе да се посвети на учење на верата и љубовта помеѓу христијаните, а во иднина кога ќе се појави во јавност ставовите кој ги изнесува барем да бидат негови, не ментор и нарачател да биде Илија Димовски. Од такви ментори кој беа на власт единаесет години видовме до каде ја донесоа Македонија и Македонската Православна Црква, стои во дописот до медиумите. (Крај)

извор: ВМРО-НП фото: архива