municija

Кривична за лице од Лескоец кај кого беа пронајдени куршуми

Охрид, 22. ноември 2017 (Inpress) – Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи”, СВР Охрид поднесе кривична пријава против 29-годишниот Г.И. од охридското село Лескоец на кого му е одредена мерка притвор во траење до 30 дена.

– При претрес, извршен во неговиот дом на осми овој месец, пронајдени се 16 куршуми наменети за испукување од автоматско оружје со калибар 7,62 милиметри и 1 куршум наменет за оружја со полуавтоматско и автоматско испукување со калибар 7,9 милиметри. Сега притворениот, куршумите ги чувал на различни места, а полициските службеници ги пронашле во фиоки, но и во саксии поставени на светларникот од  скалите во семејниот дом. Пронајдените предмети се одземени и предадени на вештачење во Министерството за внатрешни работи во Скопје, информираат од СВР Охрид. (Крај)

извор: СВР Охрид фото: архива

Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on Pinterest