policija28

Кривична за охриѓанец поради бесправно градење

Охрид, 27. ноември 2017 (Inpress) – Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „бесправно градење” и „симнување или оштетување на службен печат или знак”, СВР Охрид поднесе кривична пријава против 32-годишниот М.Ѓ. од Охрид.

– Тој, во текот на минатиот месец на сопствено земјиште на катарстарска парцела 8.123 на улицата „Стив Наумов” во Охрид, започнал градежни активности без да поседува одобрение за градба издадено од надлежен орган. Од страна на градежен инспектор, извршен е инспекциски надзор, донесено е решение за затворање на градилиштето и поставени се соодветни ознаки. И покрај тоа, но и спротивно на Законот за градење, сега пријавениот продолжил со изведување на градежните работи, по што било донесено решение за отстранување на градбата, информираат од СВР Охрид. (Крај)

извор: СВР Охрид фото: архива

Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on Pinterest