policija6-640x360

Кривични за три лица од Охрид поради сторено разбојништво

Охрид, 30. ноември 2017 (Inpress) – СВР Охрид поднесе кривична пријава против 23-годишниот В.Д., 26-годишниот Р.Т. (26) и 19-годишниот А.Д., сите од  Охрид, поради постоење основи на сомнение дека сториле кривично дело „разбојништво“.

– На седми овој месец, околу 01:00 часот во Охрид, на Булевар „Туристичка“ во Охрид, пријавените со употреба на физичка сила извршиле разбојништво над 23 годишно лице од Охрид, при што му одзеле мобилен телефон. (Крај)

извор: МВР фото: архива

Share on FacebookTweet about this on TwitterShare on LinkedInPin on Pinterest